Македонија со пад од две места на најновата ФИБА-листа

Женската кошаркарска селекција на Македонија забележа пад од две места на најновата листа на ФИБА.

„Црвено-жолтите“ се наоѓаат на 37-та позиција од вкупно 43 селекции во Европа. Кога говориме за листата на светот, Македонија се наоѓа на 80-тото место од 118 селекции.

Најдобра селекција во светот кај дамите очекувано е САД, пред Кина и Австралија, додека во Европа број еден е Шпанија, пред Франција, Белгија и Србија.

Се вчитува...