Македонија со пад од две места на најновата ФИФА ранг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две места на најновотот рангирање на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и сега се наоѓа на 74. место. По трите реми натпревари против Ерменија, Исланд и Романија, избраниците на Боби Милевски назадуваа две места.

Од нашите противници во квалификациската група, Германија е најдобропласирана и се наоѓа на 14. место. Романија е 42, Исланд се наоѓа на 60. позиција, Ерменија е 89, додека Лихтенштајн е 188.

На врвот Белгија останува прва пред Бразил, додека на третото место сега е Англија на сметка на Франција која е четврта. Во топ 10 уште се наоѓаат и Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.

Се вчитува...