Македонија со пад од две места на ранг-листата на ЕХФ

Македонскиот клупски ракомет бележи пад од две позиции на најновата ранг-листа на ЕХФ, врз основа на која ќе се врши распределбата на места во европските купови за сезоната 2021/22.

Благодарение на извонредните настапи на Вардар мак-ракометот се искачи на одличното трето место претходната година, веднаш зад Германија и Франција, но променливите резултати на „црвено-црните“, надополнети со слабите игри и раните европски елиминации на останатите македонски клубови придонесоа Македонија од третото да падне на петтото место на новата ранг-листа. Во изминатата сезона „скок“ пред македонските клубови обезбедија екипите од Шпанија и од Унгарија, а зад нашата земја остануваат Полска, Данска, Португалија, Хрватска…

Ова суштински не значи и промена на распределбата на местата за наредната сезона, со оглед на фактот дека и третата и петтата позиција значат по еден загарантиран клуб во ЛШ и три екипи во Лигата на Европа, бројка што мак-ракометот ја има и оваа сезона.

Се вчитува...