Македонија со пад од едно место на ФИФА ранг-листата

Двете пријателски средби одиграни во Анталија на кои нашата репрезентација забележа едно реми (со Молдавија) и еден пораз (од Црна Гора) негативно се одразија на ранкингот на Македонија на најновата ФИФА ранг-листа.

Светската куќа на фудбалот денеска го објави најновото рангирање, на кое македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 69. место, откако во изминатиот месец бевме минати од селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Непосредно пред Македонија на најновото рангирање се наоѓаат и Гана, Албанија, Зеленортските острови, Узбекистан, Конго… додека веднаш зад нашиот национален тим се наоѓаат Црна Гора, Јордан, Исланд, Северна Ирска, БиХ…

Што се однесува до врвот, таму нема преголеми промени, Аргентина се уште е прворангирана светска репрезентација пред селекцијата на Франција. На третото место сега се наоѓа Белгија која успеа да ја прескокне Англија (сега е 4. на ФИФА-листата), а во Топ 10 има место уште и за Бразил, Португалија, Холандија, Шпанија, Италија и за Хрватска.

Се вчитува...