Македонија со победа над Катар го стартуваше настапот на турнирот „Марко Божиновски“

Со натпреварот меѓу една од двете репрезантации на Македонија и репрезентацијата на Катар вечерва стартуваше новото издание на меморијалниот ракометен турнир „Марко Божиновски“.

Македонија А во еден интересен натпревар на крајот успеа да слави над Катар со 29-25. Нашите надежи отпорот на противникот го урнаа во финишот на мечот.

Вечерва уште ќе се одигра и дуелот меѓу Србија и Романија. Утре Македонија Б ќе игра против Романија, додека Македонија А ќе се сретне со Босна и Херцеговина.

ПЕТОК, 13 ЈУНИ
18:30 МАКЕДОНИЈА „А“ – КАТАР 29-25
20:00 СРБИЈА – РОМАНИЈА
САБОТА, 14 ЈУНИ
10:00 КАТАР – БИХ
11:30 РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА „Б“
18:30 МАКЕДОНИЈА „А“ – БИХ
20:30 МАКЕДОНИЈА „Б“ – СРБИЈА
НЕДЕЛА, 15 ЈУНИ
09:30 МЕЧ ЗА 5 МЕСТО
11:00 МЕЧ ЗА 3 МЕСТО
18:00 ФИНАЛЕ
20:00 ЗАТВОРАЊЕ НА ТУРНИРОТ

Се вчитува...