Македонија со седум места напредок на најновата ФИФА ранг листа

Одличните настапи во ноевмрискиот квалификациски циклус, победите над Ерменија (0-5) и Исланд (3-1) и пласманот во баражот за пласман на Светското првеснтво 2022 година, на Македонија и донесе скок од седум места на најновата ранг листа.

Во моментов фудбалската репрезентација се наоѓа на 67 место на ФИФА ранкингот. Од можните противници во баражот за пласман на Мундијалот во Катар, најдобро пласирана е Италија која е шеста, додека две места подоле се наоѓа Португалија.

Швеѓаните се 18 светска сила, Велс е едно место послабо рангиран. Русија е 34 на ранкингот, додека најслабо пласирана е Шкотска која е 38. Македонија противниците во баражот ќе ги добие на 26. ноември на ждрепката во Цирих.

Се вчитува...