Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од едно место на најновата ранг-листа на ФИФА што беше објавена денеска од светската куќа на фудбалот.
„Црвено-жолтите“, кои во изминатите триесетина дена имаа големо реми со Англија и пораз од Италија, се наоѓаат на 65. место на најновото рангирање на ФИФА, што е скок за една позиција во однос на октомврискиот ранкинг. Непосредно пред Македонија на најновото рангирање се Гана, Албанија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, додека зад нас се наоѓаат Јужна Африка, Конго, Узбекистан, БиХ, Црна Гора, Северна Ирска…
Аргентина и Франција остануваат на првите две места и во ноемвриското рангирање, но изненадувачки е падот на Бразил од третата на петтата позиција, па пред „кариоките“ сега се наоѓаат Англија и Белгија. Холандија ја прескокна Португалија и сега е шеста, а во Топ 10 има место уште и за селекциите на Шпанија, Италија и Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА