Македонија со скок од две позиции на листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од две позиции на најновото рангирање на листата на ФИФА. По триумфот над Ерменија и ремито со Грузија, „црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 66.место на ранкингот.

Следниот противник на Македонија во плејофот за пласман на ЕП, селекцијата на Косово, се наоѓа на 116.позиција на листата на ФИФА.

Во првата „петорка“ влета Португалија и тоа на петтата позиција, а лидер и натаму е селекцијата на Белгија. Следуваат без промени до четвртото место, Франција, Бразил и Англија.

 

 

Се вчитува...