Македонија со скок од едно место на најновата ФИФА ранг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од едно место на најновата ранг листа на Светската фудбалска федерација и сега се наоѓа на 65 место. По победата над Косово и нерешените резултати со Естонија и Грузија нашиот А-тим напредуваше едно место на листата на најдобри фудбалски репрезентации во Светот.

Противникот во баражот за пласман на ЕВРО 2020, Грузија забележа скок од три позиции и сега е рангирана како 86 најдобра репрезентација во светот. Преостанатите два противника на нашиот тим во новата Лига на нации Естонија и Ерменија исто така се далеку под нашата селекција. Ерменија е 101 ранкинг кој го имаше и на минатата листа, додека Естонија има пад од едно место и сега е 109.

На врвот во топ 5 нема никаква промена. Белгија е прва пред Франција и Бразил, а тука се и Англија и Португалија. Во топ 10 уште се наоѓаат и Шпанија, Уругвај, Аргентина, Хрватска и Колумбија.

Се вчитува...