МОК потврди: Македонија со тројца претставници на ЗОИ во Пјонгчанг

Македонскиот Олимписки Комитет денеска и официјално потврди, Македонија ќе има тројца претставници на претстојните Зимски Олимписки Игри што од 9 до 28 февруари ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Спортистите кои ќе ја претставуват нашата земја се:

Антонио Ристевски – алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом

Ставре Јада – крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км.

Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина: 10 км.

Олимписката делегација на 7. феврури ќе патува за Пјонгчанг, додека свечената преентација на нашите учесници ќе се одржи два дена претходно. Македонските спортисти ќе бидат сместени во олимпиското село во Пјонгчанг.

Се вчитува...