Македонија со убедлив пораз во Белград ја испрати Србија на Евробаскет

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија загуби убедливо од Србија со 105-60 во салата „Александар Николиќ“ во Белград, во квалификациите за пласман на Евробаскетот.

Во текот на целиот меч Србија беше супериорна и имаше предност, на полувреме замина со +20 разлика.

Во вториот дел истата слика. Србите малку „паднаа“ во третиот период, кој го добија со само пет разлика (23-18), но до крајот убедлива игра за конечен пласман на Евробаскетот.

Најефикасна во македонската селекција беше Митрашиновиќ со 17 поени, а Стојановска запиша 16 поени. Хемпе и Селцова постигнаа по десет поени. Кај Србинките се издвоија Андерсон и Ногиќ со по 21 постигнат поен.

На крајот Србија го освои првото место во групата со пет победи од исто толку меча, а Македонија заврши на последната позиција во групата со пет порази, и зад Португалија и Украина.

Се вчитува...