Македонија стартува со Пандев и со Елмас, без Несторовски а со Тричковски во нападот

ЕКИПА во Рига, Летонија

Никола Ѓуровски

Македонската репрезентација максимално офанзивно ќе настапи на денешниот квалификациски натпревар против Летонија кој од 20:45 часот се игра во Рига.

Проблемите со повредите се надминати за капитенот Горан Пандев и членот на Наполи, Елиф Елмас кои се во првиот тим на Игор Ангеловски за дуелот со Летонците. Заедно со нив во тројката во офанзивниот среден ред ќе биде и Александар Трајковски. За разлика од мечот со Израел, овој пат најистурен во нападот Иван Тричковски место Илија Несторовски.

Во одбраната стандардно ќе бида Алиоски, Дарко Велковски, Муслиу и Бејтулаи а веднаш пред нив како последни играчи за врска Аријан Адеми и Енис Барди. На голот стандардниот Столе Димитриевски.

Се вчитува...