Македонија тестираше и го победи МЗТ Скопје

Кошаркарската репрезентација на Македонија одигра пријателски натпревар со вицепрвакот МЗТ Скопје Аеродром и го совлада со 94-82. Селекцијата на Јорданчо Давитков беше без капитенот Војдан Стојановски, а ова беше контрола на формата од затворен карактер во СЦ „Јане Сандански“ во пресрет на септемврискиот циклус од претквалификациите за ЕП 2021 година.

„Металците“ беа ослабени, со оглед дека четворица носители на играта беа дел од националниот тим на оваа тест средба. Стојан Ѓуроски со 16 поени беше најефикасен во репрезентацијата на Македонија, додека Љубомир Младеновски имаше ефект од 15 поени и седум скока.

Андрија Бојиќ беше најистакнат поединец во составот на МЗТ, со 23 поени и девет скока.

Се вчитува...