„Македонија треба да биде вечно благодарна на Филип Миркуловски“

Селекторот Кирил Лазаров денеска го имаше првиот собир пред почетокот на подготовките за Европското првенство 2022 година. Лазаров вели дека Македонија треба вечно да биде благодарна на човек како Филип Миркуловски кој ја прифати поканата да се врати во репрезентацијата.

Тој вели дека Миркуловски секогаш бил потребен, сега е потребен, но и во иднина ќе биде потребен на македонскиот ракомет.

„Во спортот е потребно искуство и ние никогаш нема да се откажеме од големи играчи како што е Филип Миркуловски. Треба да бидеме благодарни на Филип Миркуловски кој се одѕва на мојот повик, на повикот на македонската јавност и прифати да биде на располагање на македонската репрезентација. Тој секогаш бил потребен, сега ни е потребен и секогаш ќе и биде потребен на Македонија. 

Репрезентацијата денеска заминува за Маврово. Во подготвителниот период пред настап на Европското првенство MEN’S EHF EURO 2022 во Унгарија и Словачка, македонската селекција ќе одигра пријателски контролни натпревари со машките сениорски репрезентации на Кувајт и на Израел.

Натпреварите со Кувајт ќе бидат одиграни во рамки на првиот дел од припремиот период во Маврово на 27ми и 29ти Декември 2021 година, додека контролните натпревари со репрезентацијата на Израел ќе бидат одиграни во Скопје во Спортски центар Борис Трајковски на 03ти и 4ти Јануари 2022 година за време на вториот дел од подготовките во Скопје во период од 1ви до 11ти Јануари 2022 година.

Се вчитува...