Македонија цели 16 години нема победа во Ереван – Порази на последните три меѓусебни гостински пресметки (ВИДЕО)

Ерменија е противникот со кого Македонија има најголем број дуели во својата фудбалска историја. Денешната пресметка со Ерменците во квалификациите за СП 2022 е вкупно 12-та пресметка со оваа селекција, но може да се каже дека традицијата не е на наша страна кога станува збор за гостинските дуели.

Во пет натпревари досега одиграни на гостински терен против Ерменија имаме три порази, една победа и едно реми. Но, трите порази се во последните три меѓусебни дуели, а единствената победа (1-2) е од 4. јуни 2005 година кога под водство на Слободан Сантрач триумфиравме со двата погодоци на Горан Пандев.

На последните три меѓусебни натпревари загубивме со 4-1 (2011 година), 4-0 (2018 година) и 1-0, минатата година на дуелот од Лигата на нации кој се одигра на Кипар.

Се вчитува...