Македонија У-16 повторно поразена од Словачка

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години загуби и на вториот пријателски меч против Словачка во Скопје. После поразот од 1-2 во првиот меч, денеска Македонија претрпе пораз со 3-1.

Македонија поведе со 1-0 со голот на Грашески уште од третата минута, резултат кој важеше на полувремето.

Меѓутоа во вториот дел, Словаците направија пресврт. Полтак во 58. минута израмни, Матеаш во 66. донесе предност, а победата ја запечати Фехер во 90. минута.

Се вчитува...