Македонија У18 славеше против Азербејџан

Македонската фудбалска репрезентација до 18 година забележа пресврт победа од 2-1 во пријателскиот натпревар против Азербејџан одигран во Баку.

Откако домашниот тим поведе со 1-0, Стојлевски во 78. минута и Цаноски 86. минута се погрижија за целосен пресврт и македонско славје.

Како потсетување, на првиот пријателски натпревар против Азербејџан избраниците на Тони Јакимовски ремизираа без голови.

Се вчитува...