Македонија вечерва ги дознава сите можни ривали во баражот за СП

Репрезентацијата на Македонија ќе ги дознае сите шест можни ривали во баражите за пласман на Светското првенство во Катар идната година. Засега сигурни ривали на нашата селекција се Португалија, Шкотска, Италија и Русија, додека двата други можни ривали се бираат меѓу Шведска, Полска, Велс и Турција.

Шведска и Полска моментално се во пол позиција да бидат носители, но вечерва тоа може да се смени, особено со победа на Велс над Белгија или да освојат бод, па да се најдат во групата на носители на местото на Полска. И Турција има шанси за пласман во групата на носители, само ако го совлада тимот на Црна Гора на гости. Нерешено на Турците не им одговара.

Моментално во групата на неносители за бараж се наоѓа и Финска, но тоа може да се смени вечерва доколку Финска загуби од Франција дома, а Украина ја совлада БИХ на гостински терен. Тогаш Украина ќе биде во групата на неносители. Исто е и со Турција, која во моментов е во поволна позиција за бараж. Меѓутоа доколку се случи Турците да бидат поразени во Црна Гора, а Норвешка остане непоразена со Холандија на гости, тогаш Норвежаните ќе одат во бараж. Норвешка дури има и шанси за директен пласман, ако ја совладаа Холандија, па во тој случај Холанѓаните или Турците би се нашле во бараж.

Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...