Репрезентацијата на Андора успеа да ја запише својата втора квалификациска победа во историјата, славејќи во 6. коло од Групата Б во квалификациите за СП 2018 против Унгарија со 1-0. За Андорците ова е само втора победа во квалификации, а имаат уште три на пријателски средби.
Ова е втора квалификациска победа за Андорците, по онаа на 13. октомври 2004 година кога во квалификациите за СП 2006 ја совладаа Македонија со 1-0. Сега барем Македонија не е осамена на „столбот на срамот“ во фудбалска Европа, добивајќи си ја и Унгарија.
Андорците славеа благодарение на погодокот на Марк Ребес, фудбалерот на Санта Колома, во 26. минута…
Marc Rebes Goal HD – Andorra 1 – 0 Hungary 09… by LiveFootball28
До крајот Унгарците се обидуваа да израмнат, но сето тоа беше залудно.
Сосема очекувано, пак, во останатите два натпревари од оваа група Португалија со 0-3 славеше на гостувањето против Летонија. Португалците дојдоа до триумфот со головите на Кристијано Роналдо во 41. и во 63. минута и Силва во 67. минута.
Швајцарија, пак, славеше со 0-2 на гостувањето против Фарските острови со погодоците на Џака во 39. минута и Шаќири во 63. минута.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2018 – ГРУПА Б (6. коло)
Андора – Унгарија 1-0
Летонија – Португалија 0-3
Ф. Острови – Швајцарија 0-2
ТАБЕЛА: Швајцарија 18 бода, Португалија 15, Унгарија 7, Ф. Острови 5, Андора 4, Летонија 3 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА