Македонија во Букурешт ќе тренира на ултра-модерниот стадион на Стеауа (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде една од првите која ќе тренира на новиот стадион на романскиот гигант Стеау Букурешт. Супермодерниот стадион ќе биде „база“ на нашата репрезентација за првите два натпревари на Европското првенство 2021 година.

„Македонија потпиша договор за користење на новиот стадион на Стеау“, изјави координаторот на ЕВРО 2021 и поранешен фудбалер Георге Попеску. 

Изградбата на ова модерно здание изнесуваше неверојатно 95 милиони евра. Македонија ќе одигра два натпревари во Букурешт и тоа против Австрија и Украина, додека последниот меч од групната фаза против Холандија ќе се игра во Амстердам.

Се вчитува...