Македонија во финалето на турнирот „Јосип Каталински – Шкија“

Пионерската фудбалска репрезентација на Македонија се пласира во финалето на Меѓународниот меморијален турнир „Јосип Каталински – Шкија“ што се одржува во Сараево. Избраниците на селекторот Звонко Златановски со 4-1 славеа во првиот полуфинален меч против селекцијата на Сараево и на Источно Сараево.

Два гола за нашиот национален тим постигна Албан Таипи во 50. и во 68.минѕта, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Муртезан Незири во56.минута и Рамиз Беровиќ во 59.минута. Интересно е дека противникот прв поведе со голот на Незировиќ од слободен удар во десеттата минута.

Се вчитува...