Македонија во фокусот пред ЕП 2022: Тешка задача за подмладениот тим на Кире Лазаров

Европската ракометна федерација направи најава за репрезентацијата на Македонија пресрет Европското првенство 2022. Македонија има силна традиција, а целата земја е заљубена во ракометот, почнува текстот на официјалниот портал на ЕХФ.

По слабиот настап на Светското првенство во Египет минатата година, Македонија ќе биде предводена од нејзиниот најдобар ракометар Кирил Лазаров кој на овој шампионат ќе има двојна улога. Покрај тоа што ќе го води тимот како капитен тој од минатата година е и селектор на репрезентацијата.

Покрај Лазаров движечка сила на „црвено-жолтите“ треба да бидат и Стојанче Стоилов, голманите Мартин Томовски и Никола Митревски, како и повратникот во репрезентацијата Филип Миркуловски, а тука се и Филип Кузмановски и Филип Талески.

Кирил Лазаров и Филип Миркуловски покрај тоа што ќе бидат лидери на оваа репрезентација ќе работат заедно и во стручниот штаб. По доаѓањето на кормилото на Македонија на Лазаров во февруари минатата година тој успеа да го врати Миркуловски во репрезентацијата каде исто така ќе има двојна улога. Покрај таа на теренот тој е еден од асистентите на легендата на македонскиот ракомет.

Македонија е во група со Словенија, Данска и Црна Гора, а првиот натпревар „црвено-жолтите“ го играат на 13. јануари против Словенија.

Се вчитува...