Македонија во Никозија ќе го игра одлучувачкиот натпревар во Лигата на нации против Ерменија

Одлучувачкиот натпревар против Ерменија за првото место во групата од Ц лигата во Лигата на нации, Македонија ќе го игра во Никозија, Кипар, на 18. ноември од 18 часот.

Поради воениот судир меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно Карабах, како што е познато, УЕФА одлучи Ерменците домаќини да бидат на неутрален терен. Па, во последното, шесто, коло во групата кое ќе одлучува за првото место и полуфинале во Ц лигата, Македонија ќе гостува во Кипар.

Претходно, на 15. ноември, во 5. коло репрезентацијата на Игор Ангеловски ќе биде домаќин на Естонија во Скопје.

Пред последните два натпревари од новата сезона во Лигата на нации, Македонија ја очекува и историскиот натпревар за пласман на Европското првенство следната година против Грузија во Тбилиси на 12. ноември.

Македонскиот селектор во петок се очекува да го соопшти списокот за престојниот ноемвриски собир кој ќе стартува на 9. ноември во Скопје.

Се вчитува...