Македонија во полуфинале против Луксембург на Дејвис купот во Бугарија

Македонската тениска репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето на натпреварите од Третата европска зона кои се играат во Созопол, Бугарија, откако во одлучувачкиот меч за првото место во Групата Б славеше со 2-0 против носителот на групата Молдавија.

По победата на Димитар Грабул и водството на Македонија од 1-0, во вториот меч кој денеска се одигруваше Томислав Јотовски експресно славеше против Андреи Циумак со 6-3,6-2, за конечна победа од 2-0 на Македонија.

По ова, македонската Дејвискуп селекција го освои првото место во групата, и во полуфиналето кое се очекува да стартува денеска околу 12 часот, ќе се соочи со репрезентацијата на Луксембург која, пак, беше најдобра во Групата Ц.

Се вчитува...