Македонија во вториот шешир на ждрепката за ЕП 2024

Ракометната репрезентација на Македонија ќе се најде во вториот шешир на ждрепката за Европското првенство во 2024 година кое што ќе се игра во Германија. Европската ракометна федерација од квалификациите ги исклучи Русија и Белорусија поради инвазијата на Украина.

Македонија има големи шасни да се пласира на континенталниот шампионат бидејќи покрај двете најдобро пласирани екипи од секоја од осумте групи, пласман во Германија ќе обезбедат и четирите најдобри третопласирани екипи.

Покрај Германија, на Европското првенство 2024 година пласман обезбедија и Шведска, Шпанија и Данска. Ждрепката е закажана за 31. март во 18 часот.

шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија

шешир 2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина

шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција

шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург

Се вчитува...