Македонија во вториот шешир, патот до ново ЕП не е многу тежок

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во вториот шешир во пресрет на ждрепката за квалификации за ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и во Словачка. „Црвено-жолтите“ се наоѓаат во добра ситуација да продолжат со настапи на континенталните собири, пред се поради проширувањата на бројот на учесници на ЕП, од 16 на 24, почнувајќи од ЕВРО 2020.

Идеален ривал од првиот шешир би ни бил Чешка, но многу позначајно е да не налетаме на незгоден противник од третиот шешир, каде е добро да ги избегнеме БиХ, Украина и Полска. Пласман на ЕП 2022 обезбедуваат двете првопласирани селекции од сите групи, но и четирите најдобри третопласирани репрезентации, со што значително се зголемуваат нашите шанси за пласман на европскиот шампионат.

Новиот квалификациски циклус ќе стартува на 4 ноември, а ќе заврши на 2 мај 2021 година. Директен пласман на ЕП 2022 покрај домаќините Унгарија и Словачка обезбедија и финалистите од последниот европски шампионат, Шпанија и Хрватска.

ШЕШИР 1: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд.

ШЕШИР 2: Македонија, Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија.

ШЕШИР 3: Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска, Белгија.

ШЕШИР 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови.

Се вчитува...