Македонија води во Баку – Азербејџанците си постигнаа неверојатен автогол од 50 метри! (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година води со 0-1 по првото полувреме на вториот пријателски натпревар кој го играме со Азербејџан во Баку.

Македонските репрезентативци до водство дојдоа на повеќе од чуден начин со неверојатен автогол на домашните во 24. минута. Дефанзивецот на Азербејџанците во желба од 50 метри да ја врати топката до својот голман, успеа и тоа како да го изненади својот чувар на мрежата…

Се вчитува...