Македонската женска репрезентација во ракомет на плажа го почна со пораз настапот на Европското првенство во Назаре, Португалија.
На стартот од шампионатот македонските ракометарки загубија од селекцијата на Украина со 0-2 во сетови. Во првиот сет Македонија загуби со 8-20, додека вториот го загуби со 16-23.
Најдобри поединки во редовите на составот на Златко Мојсоски беа Ана Марија Божиновска со шест голови, а Маркоска, Јанкуловска, Гулицоска и Диневска запишаа по четири.
Македонија денеска од 15 часот игра и против селекцијата на Холандија, додека последниот меч во групата го играме утре против Португалија од 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА