На неколку денови до завршувањето на Медитеранските игри во Таранто, Италија, македонската спортска експедиција е на дното од листата на земјите по број на освоени медали на собирот на медитеранските земји.
Македонија досега има пет одликувања (две сребрени и три бронзени), од кои четири медали од борењето и еден од боксот.
Па, Македонија во моментов е на 20. место на листата на освојувачи на медали меѓу 23 земји кои стигнале досега до одликување. На Медитеранските игри, пак, учествуваат вкупно 26 земји, плус и Ватикан која е далеку од натпреварувачки ориентирана.
На врвот на листата најдобри според резултатите е Италија со 109 медали, а втора е Турција со 53 одликувања.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
