Македонија завршува на 12.место на ЕП во Полска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го завршува Европското првенство во Полска на 12.позиција. По вечерашните натпревари од групата Ц, познати се полуфиналистите, но и конечниот пласман на останатите селекции. Нашите херои завршија како последнопласирани, но никако не разочараа со своите настапи. Ова сепак е прв историски настап на една селекција на Македонија на Европско првенство во фудбал.

Со еден освоен бод, по ремито со Србија (2-2), и по поразите од Шпанија (0-5) и од Португалија (2-4), со вкупна гол – разлика 4-11, македонскиот национален тим заврши како четвртопласиран во групата Б, а на крајот и на 12.позиција на ЕП во Полска.

Се вчитува...