Македонка во големото финале: Наташа Андонова со Барселона го „лови“ трофејот во ЛШ

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова со тимот на Барселона денеска (18 часот) ќе биде дел од големото финале во Лигата на шампионките. Во Будимпешта, на стадионот на Ференцварош, каталонскиот тим ќе се обиде да ја сопре доминацијата на францускиот Лион, кој има три титули во последните пет години и вкупно осум финалиња во елитната конкуренција.

Барселона ја нема фаворитската улога во големото финале и е првиот шпански тим воопшто кој успеал да се пласира во завршниот меч за трофејот во женска конкуренција. Во редовите на Лион настапува Ада Хедерберг, првата добитничка на „Златната топка“, но Андонова и нејзините соиграчи од Барселона ќе се обидат да стигнат до првиот пехар од ЛШ во клупската историја.

 

Се вчитува...