Македонките поразени од Италија во „Јане Сандански“

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го загуби првиот натпревар во квалификацискиот циклус за ЕП 2019, Италијанките беа подобри со резултат од 61-52 во спортскиот центар „Јане Сандански“. Кошаркарките на предводникот Марјан Лазовски беа рамноправни со гостите речиси 30 минути, сепак немаа сили за изненадување против искусната селекција на Италија во завршницата.

Италија се најде во поволна позиција со раното водство, па во текот на целото полувреме ја контролираа топката, додека нашата селекција во континуитет заостануваше еден чекор. На паузата резултатот гласеше 33-25 во корист на Италијанките, но знаејќи дека треба да се одигра уште едно полувреме, во нашата репрезентација се уште се чуствуваше надеж за позитивен исход.

Zeni kosarka Makedonija so Italija 5

Надеж за победа разбуди и освојувањето на третиот период со 13-11, но Македонија се уште се наоѓаше во негатива од пет поени при резултат од 43-38. Искуството на Италија се покажа како пресудно во последниот период од средбата, гостинската репрезентација го издржа притисокот и така ја забележа првата победа со конечен исход од 61-52  во кв. група Х .

Zeni kosarka Makedonija so Italija 2

Во составот на Македонија најефикасна беше Криси Гивенс со 22 поени, а Анџелика Митрашиновиќ заврши со 14 поени. 18-годишната репрезентативка на Италија, Олбис Андре имаше одличен настап за гостите, забележа дабл-дабл учинок со 10 поени и 12 скока, додека Чинили додаде 12 поени.

Се вчитува...