Македонска гол-машина: Мусовски стрела и во дербито на Лос Анџелес

Новопечениот македонски репрезентативец Дени Мусовски продолжува со одлични изданија во МЛС-лигата, откако блесна и на градското дерби меѓу ФЦ Лос Анџелес и ЛА Галакси, носејќи му водство на домашниот тим.

Мусовски одлично втрча по една длабочинска топка од средината на теренот, а потоа во манир на голем стрелец преку голманот Клинсман ја смести во мрежата на Галакси.

Мусовски е роден во САД, но неодамна ја прифати поканата на селекторот Игор Ангеловски да го облече дресот на македонската репрезентација. Доколку административно биде финиширана целата постапка, овој фудбалер би можел да дебитира за нашиот национален тим веќе на финалето од Лигата на Нации против Грузија.

Се вчитува...