Македонска планинарка паднала од карпа на Олимп, состојбата е сериозна

Македонска планинарка се бори за живот во Грција, откако се здобила со сериозни повреди по падот од карпа на планината Олимп. Таа планинарела со уште двајца колеги, и паднала од литица на 2.800 метри надморска височина, информираат грчките медиуми, по што со хеликоптер е пренесена во болницата во Лариса.

Според информациите од грчките спасувачки тимови, здравствената состојба на повредената македонска планинарка е многу сериозна.

Се вчитува...