Македонска работа: Помина Суперкупот, па сега може и да не се чисти (ФОТО)

За време на Суперкупот на Европа, најголемиот македонски стадион беше во топ форма. Блескаше во полн сјај, мислиш дека и не се наоѓаш во Скопје, во Македонија. Но, така беше само додека организираше УЕФА, и додека играа Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

??????????????

Само девет дена подоцна, „Филип Втори“ има грдо лице. Неисчистено, откачено и недоправено…Македонска работа…Шампиони сме за уништување. Европските навики кај нас очигледно не виреат повеќе од една седмица. Можеби ниту толку.

??????????????

И за ова не е виновен Вардар, организаторот на вечерашниот меч против Фенербахче, туку ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, под чија надлежност е стадионот „Филип Втори“. Да знае и Филип на какви нечистотија му го ставија името…

Не работи ниту дисплејот на еден од двата големи монитори…Тоа е тоа, велеше Среќко Катанец…Македонска работа…

??????????????

Се вчитува...