Марко Митев беше МВП на натпреварот меѓу Македонија и Катар, маестралниот бек постигна пет фантастични погодоци, а воедно го имаше и потегот на мечот, извонредната асистенција во второто полувреме.
Катарскиот ракометар излезе на девет метри да го запре Митев, но Македонецот генијално ја протна топката низ неговите нозе, наоѓајќи го Пешевски на линијата од шест метри.
За мајсторијата да биде комплетна, нашиот пивот маестрално ја смести топката во мрежата… Погледнете како изгледаше оваа мајсторија на македонските ракометари на денешниот дуел…
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА