Македонски борач убиен при грабеж на казино во Блаце

Македонскиот борач Буњамин Нуиши го загуби животот при грабежот на казиното во Блаце, објавија од неговиот клуб Тефејуз. Нуиши важеше за еден од најдобрите борачи на клубот, а работел како обезбедување на казиното. Нуиши починал откако бил удрен со кундак во главата.

Полицијата отвори устрага за овој случај, а покрај Нуиши, жртва при грабежот е и 22-годишниот В.Х. од Косово.

Се вчитува...