Македонски дуел во првото коло на БИБЛ – Куманово го угостува ФМП

Првото коло од БИБЛ лигата носи и македонски дуел во Куманово каде „сино-белите“ од 19 часот ќе го пречекаат составот на Академија ФМП. Овој натпревар воедно ќе биде и деби на „академиците“ на интернационалната сцена, но и шанса да се стигне до првата победа во сезоната.

Двата тима се мачат на самото отварање на сезоната. Куманово по долгиот пат во Холандија за мечот од квалификациите за ФИБА Еврокуптот се рехабилитираше со победа над Ангели, но избраниците на Ѓорѓиевски беа убедливо поразени на гостувањето кај Гостивар.

Академија ФМП пак сеуште чека на првиот триумф сезонава. По поразот од новлијата Феникс 2010 во првиот меч на домашно тло, избраниците на Петровиќ го запишаа и вториот пораз во дуелот со фаворизираниот Пелистер па за победата на овој меч тимот од Кисела Вода ќе има и дополнителна мотивација.

Oвие два тима претходната сезона одиграа два интересни дуели на домашната сцена во која го одбранија домашниот терен, а во вкупниот меѓусебен скор Куманово води со 3-1.

Се вчитува...