Македонски фудбал… ‘Елитен’ фудбал на македонски начин (ВИДЕО)

Интересна ситуација се случи на саботниот дуел од Првата македонска фудбалска лига меѓу Скопје и Академија Пандев. Натпреварот заврши без голови 0-0, но „хајлатсот“ на натпреварот се случи во 56. минута.

Откако фудбалерот на гостите од Струмица отиде да изведе аут, а еден од подржувачите на домашниот тим првин не сакаше да му ја додаде топката, за потоа таа да ја упати кон неговата глава.

Видеото набрзо стана „вирално“ на социјалните мрежи.

 

 

Се вчитува...