Македонски футсал „циркус“: Ривалите за титула победија 75-1 и 62-2!

Чудни резултати во вчерашните два натпревари во првенството на футсал во Македонија, во кои ривалите КФМ Арбен Бајрами и КМФ Проект се борат за титулата во домашниот шампионат. И двете водечки екипи победија со чудни резултати, односно 75-1 и 62-2. Двата тима имаат ист број на бодови, па на крајот гол разликата може да биде одлучувачка.

КФ Арбен Бајрами го совлада Јувентус Серава со 75-1 (полвуреме 34-1), додека Проект на гости кај Енхалон 2020 триумфираше со 2-62 (полувреме 1-25).

Разликата во квалитет е очигледна, но овие резултати се навистина зачудувачки, и сигурно дека ќе има истрага. Ова потсетува од времето на еден од најпознатите менаџери Велибор Џаровски – Џаро кога низ земјава се играа неколку фудбалски натпревари кои завршуваа и по 100 разлика.

Интересно е што во ноември минатата година во првите меѓусебни дуели, Проект ја совлада екипата на Енхалон со 4-0, додека Арбен Бајрами триумфираше над Јувентус Серава со 11-5.

Се вчитува...