Еден од најголемите таленти во македонската кошарка, Александар Зунзуровски, се најде во центарот на вниманието на српската јавност откако направи трансфер – од Црвена Звезда во Партизан.
Зунзуровски важи за еден од најголемите таленти во Европа меѓу играчите родени во 2011 година, тој има настапувано за младите селекции на Македонија, а клупската кариера ја градеше во академијата на Црвена Звезда. Македонецот блесна во младинското куп-финале со Мега, кога постигна 14 поени за едно полувреме.
Неговиот татко своевремено настапуваше во Работнички, мајката на Александар е од Порторико, а младиот Зунзуровски се реши на значаен чекор на 15-годишна возраст, менувајќи ја црвено-белата во црно-бела комбинација во кошаркарски Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
