Македонскиот дуел во Унгарија со среќен крај за Залаегерсек

Во осмото коло од унгарското првенство денеска се сретнаа Залаегерсек на нашите Никола Серафимов и Даниел Миловановиќ, и МТК Будимпешта на Бојан Миовски, а натпреварот заврши со резултат 2-0 за домашниот тим.

Залаегершек стигна до предност уште во 11. минута со голот на Марк Коста, а овој резултат остана на семафорот се до последните десет минути. МТК имаше можност да стигне до изедначување во 81. минита преку Грозав, кој не успеа да постигне гол од белата точка, а казната стигна четири минути подоцна кога Коста го постигна и вториот гол за својот тим.

Серафимов од едната и Миовски од другата страна го одиграа целиот натпревар за своите тимови, а Миловановиќ натпреварот го последи од клупата.

Со овој триумф Залаегершек ја прекина низата од три натпревари без победа, додека МТК по триумфот во претходното коло го запиша и четвртиот пораз во сезоната.

Се вчитува...