Македонскиот фудбал се уште е далеку од временска рамка кога би се продолжиле првенствата

Министерството за здравство, на барање на Фудбалската федерација на Македонија, информира дека имајќи ја во предвид епидемиолошката состојба во државата, не е во можност во овој момент да даде временска рамка за тоа кога би можело да се изврши доигрување на првенството од натпреварувачката сезона 2019/2020 во македонскиот фудбал.

„Соочени со пандемијата CoVid-19 и здравствената криза која предизвика вонредна состојба, Фудбалската федерација на Македонија денеска уште еднаш потенцираше дека здравјето на фудбалерите и фудбалските работници е на прво место и тоа е единствениот предуслов во подготовката за враќање на тренинзите на екипите од МФЛ и продолжување на националното првенството. ФФМ информира дека сите препораки и мерки ги услогласува во соработка со координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19, се со цел, да се осигура дека тренинзите и натпреварите ќе се одржуваат во услови на најмал ризик од ширење на CoVid-19“ – велат од ФФМ.

Одлуката за почеток на одигрување на натпреварите ќе биде донесена согласно препораките од надлежните државни тела. Фудбалската федерација на Македонија е во постојана комуникација со здравствените институции, но и УЕФА, и конечната одлука околу продолжување на националното првенство ќе биде донесена согласно насоките добиени од Министерството за здравство (Главен координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19).

Се вчитува...