Македонскиот „октопод“ номиниран за најдобар голман во Португалија

Никола Митревски блеска на голот на Порто и оваа сезона. Македонскиот репрезентативец се наоѓа во врвна форма и речиси во секое коло го наоѓа своето место меѓу топ 5 одбраните во Лигата на Шампионите, а врвната форма му донесе и номинација за голман на годината во Португалија.

Македонецот во изборот за „противници“ ќе ги има голманите на Бенфика, Сергеј Хернандес и Густаво Капдевил, како и голманот на Спортинг, Мануел Гашпар.

Гласот за Никола Митревски можете да го дадете ТУКА.

Се вчитува...