Најпознатиот фудбалски клуб на македонската заедница во Австралија, Престон Лајонс, оствари историски успех освојувајќи го престижниот Докерти куп по вторпат во својата историја.
Во големото финале одиграно на стадионот „Лејксајд“ во Мелбурн, Престон со фантастичен пресврт славеше против својот голем ривал Хајделберг Јунајтед со 3-1. Натпреварот помеѓу клубовите кои традиционално ги претставуваат македонската и грчката заедница помина под засилени безбедносни мерки и со високи тензии на теренот уште од самите почетни минути.
Пред преполни трибини и со огромна поддршка од навивачите, фудбалерите на Престон Лајонс покажаа карактер, успеаја да ја анулираат предноста на противникот и да стигнат до големиот трофеј, кој донесе огромно славје меѓу македонските иселеници во Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
