Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Митревски, продолжува во НЦАА. Тој ќе биде дел од Универзитетот Пасифик од градот Стоктон во Калифорнија.
22-годишниот Митревски ги мина сите младински селекции на Македонија. Мина голем дел од кариерата во Феникс, а потоа една сезона играше во ТФТ, а последната сезона ја мина во битолски Пелистер.
Од Универзитетот своевремено излезе некогашниот прв пик на НБА Драфтот, Мајкл Оловоканди кој беше одбран од ЛА Клиперс, а потоа играше за Минесота и за Бостон.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
