Македонскиот стратег Андоновски најсериозен кандидат за селектор на женската селекција на САД

Македонскиот стратег Влатко Андоновски, кој долги години работи во женската фудбалска лига на САД, е еден од најсериозните кандидати за селекторската позиција на женската репрезентација на САД.

Огромно признание за Андоновски и неговата досегашна работа е кандидатурата за нов предводник на една од најсилните светски фудбалски женски селекции. Андоновски, како што пренесуваат американските медиуми, е во потесниот круг од тројца кандидати од кои ќе се бира новиот селектор.

42-годишниот Андоновски фудбалски потекнува од школата на Вардар. Но, од 2000 година се сели во САД каде продолжува како футсал професионалец. Во тренерската кариера ги женската МЛС лига претходно ги предводеше Канзас сити кометс и ФЦ Канзас, а во моментов е тренер на ФЦ Реин.

Се вчитува...