Македонскиот тандем Војнески – Јовановски уште една година во Ризе

Турција стана ветена фудбалска земја за дел од македонските фудбалски тренери. Славчо Војнески и Иван Јовановски и во претстојната сезона ќе работат како дел од стручниот штаб на турскиот прволигаш Ризеспор. Тие и минатата сезона беа асистенти на тренерот Ибрахим Узулмез.

„По долги преговори со раководството на клубот, го продолживме договорот за уште една сезона. Посветени сме максимално на подготовките за новиот шампионат на Турција и се надеваме на нова успешна сезона“, вели Славче Војнески.

Пред неколку дена и Џенгис Реџепи доби понуда да биде дел од стручниот штаб на Сиваспор. Тој ќе остане да работи и во стручниот штаб на Игор Ангеловски, во А-репрезентацијата на Македонија.

Се вчитува...