Македонските борачи од денеска во Баку по пласман на Олимписките игри во Париз

Најдобрите македонски борачи од денеска во Баку, Азербејџан, ги почнуваат своите натпревари на Европскиот олимписки квалификациски турнир преку кој ќе се бара пласман на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Македонската репрезентација ја сочинуваат Владимир Егеров, Расул Шапиев и Магомедгаџи Нуров во машка конкуренција, Веронија Рјабоволова кај жените.

Репрезентацијата изминативе десет дена се подотвуваше во Азербејџан под водство на тренерот Магомед Ибрагимов. На квалификациите поради повреда нема да се појави Ахмат Магомедов, кој требаше да настапи во категоријата до 86 кг.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
Жени
53 кг. Вероника Рјабоволова – Елнура Мамадова (Азербејџан)

Мажи
57 кг. Владимир Егоров – Илман Мухатаров (Франција)
74 кг. Расул Шапиев – Зураб Капраев (Романија)
97 кг. Магомедгаџи Нуров – Раду Лефтер (Молдавија)

Се вчитува...