Македонската едриличарска репрезентација од денеска па до 20 октомври ќе учествува на 53. Балканското првенство во едрење кое ќе се одржи во Несебар, Бугарија.
На балканскиот шампионат во едрење, кој повторно се одржува по пауза од пет години, ќе учествуваат 110 едриличари од Грција, Турција, Србија, Романија, Македонија и домаќинот Бугарија, во класите Оптимист, Илка 4, Илка 6 и Илка 7.
Македонија, која на првенството е предводена од претседателот на Едриличарската федерација на Македонија, Стефан Ставрев како и тренерот Драган Челешоски, ќе ја претставуваат вкупно 12 едриличари.
Во класата Оптимист, Македонија ќе ја претставуваат Стефан Баракоски, Мила Булатовиќ, Лина Пашоска, Берак Шашко, Томе Златески и Сара Милевска, а во класите Илка ќе биде претставувана од Софија Ставрева, Евгенија Ставрева, Илина Гаџоска, Андреа Кавај, Андреа Чуркоска и Марко Милевски.
Натпреварите на Балканското првенство, со првата трка, стартуваат денеска од 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

